Цркви во Скопје

,,Свети Климент Охридски''Скопје

Соборен архиепископски храм на Макеоднската православна црква ,,Свети Климент Охридски,, -црква во Скопје и најголем и соборен храм на Македонска православна црква денес.
Каменот-темелник е поставен на 23 април 1972 година, по проект на архитектот Славко Брезоски. Црквата е од тип ротонда, со димензии 36 x 36 м. и се состои од само од куполи и лакови, под кои е опфатена површина од околу 1.000 м². На тој простор може да се соберат речиси 6000 верници. Главната црква му е посветена на Св. Климент Охридски, а долната црква на св. Богородицa.Од капелите, едната им е посветена на Цар Константин и царицата Елена, а другата на светиот маченик Мина. Кога ќе се влезе во внатрешноста на црквата, особено внимание привлекува иконостасот што е направен од дабово дрво. Основен мотив на резбата е флората- лозови листови, афионови булки и желади. Димензиите на иконостасот се 19,5 м во должина и 12,5 м во висина. Иконите што се сместени во него се насликани од Ѓорѓи Даневски и Спасе Спирковски.



Црква ,,Св.Димитриј"-Скопје


,,Св. Димитарија — православен храм во Скопје, поранешна катедрална црква на Скопската епархија, посветен на великомаченик Димитрија. На нејзиното место имало стар храм, кој постоел уште од XVI век. Во 1727 година „Св. Димитар“ се споменува како катедрална црква.Таа се наоѓа во близината на Камениот мост, на левата страна на реката Вардар, во Еврејското маало.



Црква ,,Св.Илија

Свети Илија - македонска православна црква, сместена во дворот на клиниката Аџибадем Систина во подножјето на Зајчев Рид во Скопје.
Црквата е во катастарските граници на селото Злокуќани, Општина Карпош. Црквата е градена во поново време, односно со изградбата на самата клиника, која воедно служи за молитви на пациентите и нивните роднини и пријатели. Црквата е со помали димензии и е градена од камен. Истата е и живописана.


No comments:

Post a Comment