Стара скопска чаршија



Просторот во околината на Старата скопска чаршија и на Скопското кале бил населен уште 4.000 години п.н.е., а за тоа сведочат археолошките пронајдоци ископани на Скопското кале. Голем развој бил постигнат за време на римското владеење со градот Скупи, кога започнале да се градат храмови, театри и други знаменити градби.
Своите почетоци како трговски центар, чаршијата ги имала во времето на визнтиското владеење со градот во 11. век. Во следниот период, просторот започнал забрзано да се развива како трговски центар. 
Најголемиот подем чаршијата го достигнала во време на османлиското владеење со градот. Овој период бил исполнет и со изградбата на најголемиот број објекти коишто се наоѓаат на просторот и околу чаршијата. Сепак, периодот бил одбележан и со силниот земјотрес од 1555 година и палежот на градот во 1689 година, по кои голем број од објектите биле разрушени и потоа повторно обновени. Во текот на 19. век бил забележан и најголемиот процут на занаетчиството, при што занаетчиите биле организирани во еснафи, а чаршијата била поделена на повеќе помали занаетчиски чаршии.



Старата скопска чаршија го продолжила својот развој и во текот на 20. век. Големи оштетувања претрпела со двете светски војни и со земјотресот во 1963 година, но најголем дел од разрушените објекти потоа биле обновени и пренаменети во објекти со уметничка намена.




Повеќе информации за Старата скопска чаршија може да добиете на следниот линк:

Стара скопска чаршија





No comments:

Post a Comment