Аквадукт

СКОПСКИ АКВАДУКТ

Скопски аквадукт е археолошки локалитет кој се наоѓа кај Визбегово, во непосредна близина на градот Скопје.
 Се сметало дека тој датира од времето на Римското царство или Византија. Во времето на Јустинијан I, од 527-554 г., па поради тоа овој аквадукт се нарекува и Јустинијанов аквадукт. Според овие мислења тој бил поврзан со градот Скупи. Се смета дека преку аквадуктот била спроведувана вода од изворот Лавовец во селото Глуво на Скопска Црна Гора, до "топџиската касарна", Мустафа-пашината џамија, до некогашниот турски уќумат, Куршумли-ан и Сија-беговата џамија. Водата преку аквадуктот се пренесувала со цевки кои оделе од запад кон исток.

















                                                                     





No comments:

Post a Comment